Кварцни печки (грејалици) – Некогаш биле еден од првите избори за оние кои бараат да купат уреди за загревање на внатрешниот простор. Денес примат презеле вентилаторските модели, но кварцните печки сè уште имаат значајна примена во домовите, особено кога се користат за повремено загревање на просториите.
Кварцните печки функционираат така што користат кварцни цевки како грејачи, низ кои поминува струја и ги загрева. Кварцните цевки емитуваат инфрацрвена светлина, која потоа се претвора во топлина. Оваа топлина директно се пренесува на луѓето и предметите во просторијата, наместо да ја загрева воздухот, па кварцните грејалици се многу ефикасен извор на моментална топлина.
Кај кварцните печки со три грејачи, секој грејач претставува една кварцна цевка која емитува инфрацрвени зраци кога е вклучена. Грејалицата обично има прекинувачи кои му овозможуваат на корисникот да вклучи еден, два или сите три грејачи истовремено, во зависност од посакуваната јачина на топлината.
Кога е вклучен само еден грејач, уредот троши помалку струја и емитува помалку топлина. Со активирање на два или три грејачи се зголемува вкупната моќност и интензитетот на греење, што е корисно за побрзо загревање на просторијата.