Цевни грејачи за ТА печки - ilustracija
Електрични грејачи за термоакумулациони печки се уште една од категориите во производниот асортиман на IEG. Термоакумулационите TA печки се уреди кои имаат долга традиција и се покажале како едни од најекономичните уреди кои најмногу се користат во средини каде што постојат двотарифни системи на наплата на електрична енергија. TA печките се единствени грејни уреди кои имаат можност за акумулација на топлина за време на поевтина (пониска) тарифа за тарифирање на потрошувачката на електрична енергија. Тоа им овозможува на корисниците за време на евтината тарифа (најчесто ноќе) да ги наполнат - акумулираат топлинската енергија во печките која подоцна за време на денот ја искористуваат за загревање на домот. Во портфолиото на производи имаме цевни грејачи за термоакумулациони печки и грејачи на техничка керамика. Најзастапени во асортиманот се електричните грејачи за TA печки Magnohrom, MK, Cer, AEG, Marex, Igotherm, Preporod. Во случај да во нашиот широк асортиман не сте пронашле соодветен грејач за вашата термоакумулациона печка, може да не контактирате и за вас ќе произведеме соодветен грејач според примерокот кој ни го доставите.
Filters

Филтери